Коневски: Секогаш во преден план го ставаме образованието и социјалната грижа за најмладите

-Фокусот во овој моментсакам да го ставам на проектите што ќе ги реализираме наредните четири години.

Аеродром е демографски млада општина, а тоа значи дека има многу дечиња, што особено ме радува и сум сигурен дека со проектите кои и во иднина ќе ги сработиме дополнително ќе ги поддржиме виталноста и развојот на општината.

Секогашво преден план го ставаме образованието и социјалната грижа за најмладите. Па така, не е изградена само една градинка како што некој ја извртува вистината наочиглед на сите, туку се изградени три,а во наредните четири години ќе изградиме уште пет нови градинки: Во Ново Лисиче за 250 дечиња, нов објект во рамки на градинката “Изворче“ за 250 дечиња, “Црвенкапа“за 250 дечиња, Во Реонски центар “Аеродром“ за 120 деца и во Долно Лисиче за над 100 дечиња.

За прв пат во историјата на Аеродром ќе изградиме ново Средно училиште -Гимназија, а ќе ја продолжиме и традицијата за бесплатни униформи за учениците.

Не ги забораваме и децата со пречки во развојот. Од буџетот на општината ќе финансираме изградба на Дневен центар, каде децата ќе добијат дополнителна нега,помош и можност за рехабилитација и  напредување, а во исто време, Дневниот центар ќе значи голема потпора за нивните родители, потенцираше Коневски.