Коневски најави отворање на Дневен центар за деца со пречки во развојот во соработка со невладината организација „Полио Плус“

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, беше во посета на невладината организација “Полио плус”.

-На средбата разговаравме за продолжување на досегашната меѓусебна соработка и нејзино продлабочување преку отворање Дневен центар за деца со пречки во развојот во Општина Аеродром во соработка и координација со невладината организација „Полио Плус“, напиша Коневски на својот фејсбук профил.

Тие ќе имаат советодавна улога, со цел центарот да биде направен согласно потребите на дечињата со посебни потреби, кои ќе добијат дополнителна помош, нега, рехабилитација и оспособување за самостоен живот од стручен кадар.