Концертот на Здравко Чолиќ на стадион ќе го „поремети“ сообраќајот во Скопје

На 15.06.2019 година со почеток во 20:00 часот на стадионот „Тодор Проески“ ќе се одржи концерт на пејачот Здравко Чолиќ.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 18:00 до 23:00 часот со периодично пренасочување на сообраќајот на бул.„Илинден“, ул.„Аминта 3-ти“ и ул.„Наум Наумовски Борче“.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.