Концертна промоција на „Devotion“ од Мухамед Ибрахими

Мухмед Ибрахими, виртуозот на гитара, шаркија, мандолина,…, вечер во Кино Фросина концертно ќе го промовира својот нов албум „Devotion“.

-Ибрахими е волшебна појава на македонската музичка сцена. Невиден виртуоз и извонреден музичар, кој својата публика редовно ја остава без здив и со подзината уста, наведуваат организаторите на концертот во најавата.

По првиот албум на Ибрахими, „Fly“ од 2014 година, чиј двапати печатен тираж е одамна распродаден, следува „Devotion“ издаден кон крајот на 2018 година. На слушачката промоција првиот тираж од ова ЦД беше распродаден, а за денешната концертна промоција се печати втор тираж.