Концертите ми го продолжуваат животот и ми даваат желба за живот: 12 години од последното „ѕвездено небо“ на Тоше

„Ова ми е најубавиот провод на целиот свет. Овие концерти пред кои имам најмногу трема, верувате ли дека ми го продолжуваат животот. За нив живеам и работам“. Вака Тоше Проески ја најавува една од неговите песни на последниот концерт пред скопската публика кој се одржа на денешен ден пред точно 12 години. 

Tose Proeski - Soba za Taga

„Ова ми е најубавиот провод на целиот свет. Овие концерти пред кои имам најмногу трема, верувате ли дека ми го продолжуваат животот. За нив живеам и работам„ @Tose Proeski на последниот концерт во Скопје, точно пред 12 години (05.10.2007 година). Слушнете ја неговата „Соба за тага“.

Posted by Skopjeinfo.mk on Friday, October 4, 2019

Денеска навршуваат 12 години од последниот концерт на Тоше, одржан на Градскиот стадион во Скопје. Петти октомври стана симболичен датум благодарение на него и сѐ она што препознававме во неговиот лик: човечност, хуманост, добрина, исклучителен талент, космополитски дух.