Концерт „Симфонија на тажни песни“ на Македонската филхармонија

Концерт „Симфонија на тажни песни“ на Македонската филхармонија ќе се одржи на 2 ноември, четврток, во новата концертна сала со почеток во 20 часот.

Под диригентската палка на извонредниот маестро од Бугарија, Емил Табаков, ќе биде изведена една од најубавите и најпопуларните симфонии на сите времиња – Симфонијата бр. 3 насловена „Симфонија на тажни песни“ од полскиот современ автор Хенрик Миколај Горецки.

Како солист ќе се претстави македонската оперска дива, сопранот Ана Дурловски.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетарата во Македонската филхармонија, да се резервираат на тел: 02 / 3238 182, или да се купат преку веб-страните www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.