Концерт на словенечкиот виолинист Миха Погачник во МОБ

Во рамки на одбележувањето на Европската недела, Словенечкиот центар Скопје органиизира концерт на словенечкиот виолинист со светска кариера Миха Погачник, кој вечер ќе настапи во Македонската опера и балет.

Концертот е организиран во соработка со МОБ, Македонската филхармонија и со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

– Со овој спектакл преку Словенија сакаме да проследиме порака до Брисел дека Европа треба да ја заврши својата сторија и да ги вклучи државите од Западен Балкан во нејзината структура. Се додека тоа не се случи, Европа останува „недовршено ремек-дело“, соопшти организаторот на настанот.