Концерт на SEINE и Marko Greyhound во МКЦ

Двајца соло изведувачи, SEINE, или Иван Шчапец (ВЛАСТА ПОПИЌ) од Хрватска и домашниот кантавтор Марко Крстевски а.к.а MARKO GREYHOUND ќе одржат концерт во Младински Културен Центар.

Seine настана во средношколските денови како кантавторски израз на Иван Шчапец, текстописец и гитарист на Noise/punk/pop бендот ВЛАСТА ПОПИЌ. Водејќи се од својот внатрешен нежно/агресивен сензибилитет, на гимназијските акустични вечери полека стекнува слава како духовен сродник на американското фолк-фрик движење.Полсе неколку демо снимки, на романтичниот поединец му се приклучува и Тена Рак, која на себе ја зема обврската да пее заднински вокали, свири хармоника и перкусии.

Во тој период и двајцата ја започнуваат приказната со ВЛАСТА ПОПИЌ. Како и да е, на почетокот на 2011 излегува првиот албум насловен „2007-2009“, и веднаш после тоа стартуваат и концертите ширум регионот.

Песните на Seine се наоѓаат на радио брановите се' почесто во следниот период, а песната „Валцер за крај“ се наоѓа на компилацијата на „Bistroa na rubu šume“.

Во 2014 година излегува и првото ЕП издание, а истата година и третото издание, одличниот концерт во живо од белградскиот клуб „REX“. на средината на 2015 Тена Рак ја напушта групата и Seine се враќа во оригиналната моно-постава. За прв пат во СКопје, МКЦ е местото каде што треба да бидете.

MARKO GREYHOUND
Под влијание на направи сам/a етиката и фолк-панк музиката реши да ја земе својата гитара и искрено да стои позади секој кажан збор.

05.мај

21:30

влез 150 денари