Концерт на „Про Арс“ во Музеј на Град Скопје

Во Музеј на град Скопје вечер, во рамки на Деновите на македонската музика, концерт ќе одржи камерниот мешан хор „Про Арс“ под диригентство на Сашо Татарчевски.

 На програмата се дела од Стефан Гајдов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Властимир Николовски, Благоја Ивановски, Драган Шуплевски, Димче Николески, Сотир Голабовски и Стојан Стојков, а премиерно ќе биде изведена и композиција на Вања Николовски – Ѓумар, наградена на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура.