Концерт на Љубојна “15 години Љубојна“

15 години звучна љубов, 15 години Љубојна. Јубилеј кој најубаво се слави меѓу своите. Овојпат сме им најпотребни на сите оние кои настрадаа во поплавите. Затоа Љубојна ве кани да се соединиме и низ музика да ја покажеме нашата човечност. Дојдете на 17 август во Ракометното игралиште во Битола, во 21:00 часот да ја дадеме нашата хумана поддршка.

Специјални роденденски гости ќе бидат виртуозите Влатко Стефановски и Џамбо Агушев

Билетите може да се набават преку продажната мрежа на www.mktickets.mk по промотивна цена од 200 денари. вип седишта пред бина по цена од 300 денари (ограничен број), влез на врата 300 денари. Продажни места во Битола (Tobacco Brothers) - Широк Сокак, (Бар Чаршија), (Јагода) и (Хард Рок). Прилеп во (Т.А Бран), Охрид во (Њу Тобако).

Дел од седстватаод концертот ќе се донираат за поплавените подрачја во Скопје и околината, а ќе бидат поставени и кутии за донации. Организатор на концертот е Горила продукција.