Концерт на „Електрични оргазам“ во Скопје

„Електрични оргазам“ во рамки на нивната славеничка турнеја која е по повод 40 години од основањето на бендот, ќе имаат свој концерт и во Скопје на 26 март, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар, најави Авалон Продукција.

„Еден од најкултните, најавангардните и најдобрите југословенски бендови на сите времиња, по навистина подолг период доаѓа во Скопје и време е да се собереме на едно место, сите ние коишто многу добро знаеме што значи ‘Електрични оргазам’ за музиката“, велат од Авалон Продукција.

Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба утре, 11 февруари, во 09 часот наутро, а достапни за купување ќе бидат во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн.