Комплетно расчистен просторот кај Инфективна клиника

Инфективната клиника која се наоѓа во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” ќе добие нов пат.Град Скопје за рекордно брзо време го расчисти просторот и ќе изгради нов влез.

Град Скопје е општествено одговорна институција. Помогнавме во целост да се расчисти и изгради платото кај Инфективна клиника во Клиничкиот центар.Да го помогнеме македонското здравство и здравствените работници.- објави таткото на градот, Петре Шилегов.