Компири во рерна со печурки и праз

Одличен прилог за јадењата со месо или пак посен ручек кој сите ќе го сакаат.

Потребни состојки:

1 тенок праз

400g поситни печурки (шампињони)

4 големи компири

1 лажица Вегета

2 лажици маслиново или сончогледово масло

1 лажица брашно

1/2 лажичка куркума

сол и вода

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го празот, додадете една чаша вода, масло и зачин и ставете го на оган да се динста.

2. Во меѓувреме излупете ги компирите и исечете ги поголеми парчиња и ставете ги да се варат. Варете ги 10 минути и тргнете ги од оган.

3. Откако празот ќе се издинста, во земјен сад, ставете половина од празот и убаво распоредете го. Врз него ставете слој од компири и свежи печурки.

4. Во преостанатиот праз додадете 250ml вода, малку сол, куркума и 1 лажица брашно и сè убаво измешајте. Со оваa смеса прелијте ги компирите и печурките.

5. Печете на 30 минути на 220 степени, така што садот ќе биде покриен со капак. После 30 минути извадете го капакот и печете уште дополнителни 30 минути.