Коментаторот на Арена насолзено: Ова е бајка со која родителите во Македонија треба да си ги успиваат децата наредниве 50 години

Коментаторот на Арена Сретен Рашковиќ со многу емоции ни кажа како го доживеал завршниот турнир во Келн.

Вардар стана европски шампион, а ниту една македонска телевизија не ги откупи правата за Лигата на шампионите. Успесите на Вардар беа пренесувани на српски јазик, но коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ ги освоија срцата на македонските фанови.

„Привилегиран сум. Оваа приказна почна така неславно за македонскиот народ, кој мораше своите национални херои цела сезона да ги гледа со коментар на српски јазик. Се надевам дека тоа не ги повреди многу. Не знам зошто МТВ се одлучи за такво нешто, но нам ни отворија пат да дојдеме до ова. Уште во првите три кола од оваа сезона се поврзав со оваа екипа на Вардар, ми беше чест и привилегија што со мојот драг колега Стеван имавме шанса да коментираме вакво нешто“, вели коментаторот на Арена Сретен Рашковиќ за МКД.мк.

„Животот пишува романи, бајки, додека ги коментирав последните пет минути, се трудев да споредам што направи Лестер, што се случи во кошарката и кога... Можеби сум субјективен, но за мене ова е епска приказна, нешто со што скопјаните и Македонците треба да ги успиваат своите деца во наредните 40-50 години, ова искрено го кажувам, ми се полнат очите со солзи, но животот пишува драми“.

Целата содржина прочитајте ја а линкот