Коментаторот ја прекрсти Арената од „Филип втори“ во „Адем Јашари“

Навивачите на Шкендија, популарните Балисти, до доцна во ноќта ќе ја прославуваат победата на нивниот тим против Млада Болесалав.Прославата почна веднаш по мечот кога со овации беа поздравени тетовски фудбалери а продолжи во Градскиот парк.

Веднаш по мечот, стотици автомобили со тетовски, но и швајцарски и италијански таблички  се упатија кон булеварот Илинденска и со трубења ја прославуваа историската победа.Славјето вечерва сигирно ќе продолжи и во Тетово кога ќе бидат пречекани фудбалерите на Шкендија.

Во текот на натпреварот непотребна провокација во режија на коментаторот на „Дигиталб“ телевизија постојано потенцираше дека мечот се игра на „Адем Јашари“ арената, пренесува Македоски спорт.

Наместо да уживаат во фудбалот, прават непотребни провокации. Коментаторот за време на преносот што се емитиуваше на „Дигиталб“ телевизија, за време на прославата на вториот гол ја прекрсти арената од „Филип втори“ во „Адем Јашари“.

Тетовскиот тим со супер предност ќе патува на реваншот во Чешка против Млада Болеслав после вечерашната победа од 2:0.