Комедијата „Се бара стар кловн“ на Скопско лето

Театарот на еден актер во копродукција со Меѓународниот театарски фестивал „Бутринти 200“ и Градскиот театар од Гњилане, Косово, вечер на „Скопско лето“ ќе ја изведат претставата „Се бара стар кловн“ по текст на Матеи Висниек, во режија на Бесфорт Идризи.

Сценограф и костимограф на претставата е Енес Деари. Настапуваат Сабедин Шахиќи, Бајруш Мјаку, Алфред Буалоти и Беќир Нуредини.

Комедијата „Се бара стар кловн“ зборува за тројца уметници, блиски колеги, кои по подолго време повторно се сретнуваат, но сега во својство на конкуренти кои наместо да соработуваат, се обидуваат да се надиграат меѓусебно за да се обезбедат работа за себе.

Претставата ќе биде изведена во Сули ан.