Комбиниран билет за жичарницата и за лифтот на Милениумскиот крст

За комбиниран превоз со жичницата и со лифтот на Милениумскиот крст на Водно цената на билетот за возрасни и за деца до 14 години ќе биде 130 денари, додека за деца од 6 до 14 година 60 денари.

Реконструкцијата на Милениумскиот крст е во финална фаза. Панорамскиот лифт е монтиран истиот би требало да биде пуштен во употреба следниот месец.

Од ЈСП "Скопје", претпријатие кое стопанисува со лифтот, информираат дека се очекува комплетната реконструкција да заврши за дваесетина дена, по што и официјално ќе биде пуштен во употреба.

- Веќе сме во финална фаза, но кога ќе завршиме зависи од временските услови. Доколку се оди според предвидената динамика, очекуваме тоа да се случи идниот месец, информираат од ЈСП.