Комбе усмрти жена во Дебар маало

Жена на возраст од околу педесетина години утрово беше прегазена од комбе на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ”, во близина на Министерството за култура. Несреќата се случи утрово околу 8:45, пренесува Newsroom.

Веќе два часа телото е под комбето, а пожарникарите чекаат наредба да го извадат оттаму.

Местото на несреќата е обележано, а полицијата не дозволува пристап во тој дел.