Колумна на „Balkan-Handball“: Како да останеш нормален во Келн

Новинарот на популарниот интернет сајт „Balkan-Handball“, Жика Богдановиќ напиша една интересна колумна посветена на вчерашниот меч Вардар - Барселона. Импресиониран од победата на Вардар пренесе еден интересен момент во 46-тата минута од мечот кога еден од противниците побара тајмаут. Неколку искусни новинари се погледнале меѓу себе и рекле: „Дали е ова возможно, одиме повторно...“, а потоа од клупата на Барселона се појавил непознат глас: „Чави дали се слушаме, Чави... Зарем не ја научи лекцијата? Ова веќе еднаш го гледавме овде...“

Со цел подобро да ја доловите колумната препорачуваме да ја прочитате оригналната на Хрватски, на следниот ЛИНК.