Колку време им треба на писмата пратени преку „Македонска пошта“ да стигнат од една до друга адреса во земјава?

Граѓаните се незадоволни од бризната на Македонски пошти. Некогаш со недели, дури и месец се чека да пристигне писмо или некоја пратка од една на друга адреса во земјава. 

Поради оваа причина, граѓаните се помалку се одлучуваат да ги користат услигите на Македонски пошти. 

-Се сеќавам, порано не беше така, но и како се друго, така ова изумира. Не се видновни граѓаните што не ги користат услугите, виновен е системот на Македонски пошти, раскажува повозрасен скопјанец. 

-Порано за Нова година сите испраќаа честитки по пошта. Ние бидејќи сме малку од постарата генерација, сепак се одлучуваме секоја година да испраќаме на најблиските. Оваа година честитки испративме околу 15 декември, но дали верувате дека 80 проценти од нив не беа пристигнати на саканата адреса? Ни пред Нова година, ниту пак после, вели Елена од Кисела Вода. 

-Пред некое време аплицирав за работа во државна администрација. После еден месец добив писмо, каде ме повикуваат на тестирање. Бев среќна, бидејќи мислев дека ќе ја добијам работата која ја сакам. Но, кога продолжив да читам, сфатив дека датумот за тестирање веќе е изминат, а писмото е пратено пред две недели, раскажува Бојана. 

За ненавремена достава на пратки, законските прописи предвидуваат глоба од 3.500 до 5.000 евра.