Колку се квалитетни МРП вакцините?

Родителите се во недоумие и паника. Оние кои ги носат на вакцинирање своите деца за останатите вакцини, по совет од доктори одлучиле да почекаат за МРП.

Најголем дел од педијатрите советуваат оваа вакцина да се прими кога детето целосно ќе прооди и прозбори. Но, сега се ставени пред свршен чин.

Вакцините се квалитетни и безбедни, тврди Клиниката за детски болести во Скопје. Тие ги повикуваат родителите да ги вакцинираат децата.

Морбилите-ситните сипаници можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето и животот на заболените.