Колку се безбедни боите за јајца кои ги има на македонскиот пазар?

Во последните години на македонскиот пазар се продаваат целосно природни бои за јајца направени од цвекло, моркови, куркума и друго. Но, нивните цени се доста повисоки од оние на вештачките бои.

Секоја боја има елементи како  Е-102, Е-110, Е-122, Е-131 и Е-133. Тие се присутни во речиси сите бои на пазарот.

Иако се дозволени, нивната употреба може да доведе до несакани ефекти за нашето здравје, како алергии и хиперактивност кај децата. Практично истите бои се користат за безалкохолни пијалоци и слатки производи.

Потрошувачите треба да го видат и рокот на траење на боите, а исто така да внимаваат кога купуваат веќе вапцани јајца. Одгледувачите на живина советуваат и за јајцата да се види до кога е рокот на траење.