Колку претседателските кандидати се загрижени за животната средина?

Претседателските кандидати денеска ќе бидат потсетени дека животната средина ни е во лоша состојба и дека тоа е прашање на кое мора да обрнат внимание, објави Скопско Ехо. Во организација на граѓанското здружение „О2“, во Скопје ќе се одржи трибината на тема „Деградација на животната средина – Закана по националната безбедност“ на која ќе учествуваат тројцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска Давкова, Блерим Река и Стево Пендаровски.

– Имајќи ја предвид сериозната состојба со загадувањето и масовната и сеопфатна деградација и уништување на животната средина, каде само поради аерозагадувањето имаме огромен број на човечки жртви, сметавме дека претседателот во доменот на своите ингеренции може, треба и е неопходно да влијае врз решавањето на овој огромен проблем, потенцираат од здружението.

Се очекува на трибината да се отвори дискусија и за тоа претседателот да може да предложи вонредна состојба при големи природни непогоди.