Колку ќе чинат влезниците за концертот на David Guetta?

Бидејќи ова е прво издание на брендот Skopje Calling во Македонија, Авалон продукција се одлучи за неверојатно прифатливи цени, за шестчасовниот музички спектакл со David Guetta и Robin Schulz како специјален гостин кој ќе се одржи на 5ти јуни во арената „Филип Втори“ (Градски стадион- Скопје).

Билетите ќе се движат од 500 до 999 денари во неколку категории, и тоа:
500 денари ЗАПАДНА ТРИБИНА
600 денари ЈУЖНА И СЕВЕРНА ТРИБИНА
700 денари ПАРТЕР
999 денари ФАН ПИТ (само 5000 влезници)
1.500 денари ВИП влезници (само со резервации на тел: 070/299-799 и 070/260-350)

Тие очекуваат посетеност од над 30 илјади фанови од цела Македонија, како и од Грција, Србија, Косово и Албанија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од денеска од 09 часот, на сите продажни места на Купи карти за се, Тикет Плус и преку продажните мрежи на Евентим, како и онлајн.