Колку и да се расправате со оние кои ги сакате, никогаш не го кажувајте овој збор

Кавгите и несогласувањата се дел од секој меѓучовечки однос. Колку и да се сакаме едни со други, во одреден момент си одиме на нерви и понекогаш кажуваме нешта кои всушност не ги мислиме.

Еден збор кој може да влијае на секој однос е зборот крај.

Ова се три причини зошто овој збор е толку отровен.

Манипулативен е – во некои ситуации може да придонесе до замолчување од другата страна, поради стравот дека можеби ќе ве изгубат. Но, тоа значи дека вие воопшто не размислувате за крај, туку само сакате да бидете по ваше и на тој начин да ја завршите кавгата. Тука станува збор за чиста манипулација и момент во кој сакате да го постигнете тоа што го сакате, но со тоа проблемот не исчезнува.

Предизвикува чувство на стрес и тешкотии – кога ќе го кажете овој збор, давате ултиматум а ниту една личност не сака ултиматуми. Личноста на која и е поставен ултиматум, се чувствува како да нема избор. Личноста се чувствува дека мора да направи нешто, а понекогаш воопшто не е јасно што треба да се направи за да се надмине таквата ситуација.

Личноста може навистина да почне да размислува за крај

Без оглд на тоа колку долго сте во врска или пријателство, овој збор може навистина да ја предизвика другата страна да почне да размислув за тоа. Заканата никогаш не е добар начин за да се решат работите.