Колку и да мислиме поинаку, среќата е во малите нешта

Малите нешта во животот се најважни, колку и да мислите дека тоа не е така. Потсетете се на нив, секогаш кога имате лош ден или недела.

Станете порано и гледајте го изгрејсонцето во тишина.

Кажете им „здраво“ на другите со насмевка.

Дајте им комплимент барем на три луѓе во текот на денот.

Однесувајте се кон другите онака како што сакате луѓето да се однесуваат кон вас.

Не се откажувајте од нештата кои вистински ги сакате.

Бидете љубезни.

Имајте силен ум, но нежно срце.

Одржувајте ги своите ветувања.

Не паѓајте на приказните за успех преку ноќ.

Бидете добри кон своите родители.

Радувајте се на туѓите успеси.

Штедете кога можете.

Не ги откривајте сите тајни кои ги имате.