Колку и да е тешко, сè поминува

Некој ве навредил или повредил, мислите дека е крај на светот. Но, колку и да е тешко, ќе помине.

Лошата врска или пријателство не значат дека вие сте лоша личност. Неуспешниот обид не значи дека сте неуспешна личност. Една ситуација не значи дека треба да престанеме да се обидуваме.

Не дозволувајте никогаш да бидете дефинирани од еден момент, ситуација или една личност. Вие не сте тоа, туку многу повеќе од тоа.

Ништо во животот не доаѓа лесно. Ако ја добиете личноста која ви се допаѓа, работата која ја посакувате и сите работи кои ги сакате од прва, тогаш по што би копнееле? Не би ни знаеле да ги цените убавите работите во животот и добрите луѓе.

Вие сте си доволни самите себеси. Најдете ја силата во себе, а потоа најдете и личност за до себе. Но, на патот дотаму, не дозволувајте ништо да ве убеди дека не вредите доволно.

Тоа не е вистина. Научете го тоа.