Колку граѓаните се спремни да се откажат од пластичните кеси?

Иако над 80% од граѓаните користат пластични кеси, дури 73% од нив се подготвени нивната употреба да се ограничи. Вакви резултати дава најновото истражување на јавното кое се потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 82,7% од граѓаните велат дека се уште користат пластични кеси кога пазарат во продавниците, додека само 15,7% велат дека ги исфрлиле од употреба.

Сепак, граѓаните покажуваат висока еколошка свест. Дури 72,9% од анкетираните велат дека законски треба да се ограничи користењето на пластика за една употреба додека само 12,9% се против.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари годинава со маргина на грешка од плус-минус 3%.