Колку е попаметна жената, толку потешко и е да го пронајде вистинскиот!

Знаеш дека си добра прилика, нели?

Ти си паметна, успешна, убава, забавна и полна со прекрасни искуства. И кога сето тоа ќе се искомбинира, вие оставате впечаток на многу интересна личност. Знам длабоко во себе дека и ти го знаеш тоа, но доколку се случува недостатокот од машко внимание да направи да го забораваш ова, сакам само да те потсетам.

Од некоја причина, и покрај тоа што си полна со самодоверба и памет, ти се уште си сингл. И пред да паднеш во очај и тага, сакам да те потсетам и на ова:

Не е до тебе. Ти немаш вина.

Мажите ја сакаат идејата за паметната и силна жена, но никогаш не би можеле да бидат со неа.

Неодамнешно истражување собрало машки студенти за да прават тест со студентка. Откако ги добиле резултатите, луѓето кои го правеле истражувањето ги прашале мажите дали им се допаднала девојката и дали би излегле со неа на состанок.

Мажите кои верувале дека девојката имала подобри резултати од нив, генерално биле наклонети кон тоа да ја оценат како помалку атрактивна и покажале помалку интерес за тоа да излезат со неа.

Додека овие резултати делуваат тажно и сигурно невираат, многу е важно да не се вадите од памет. Ова е добра работа.

Зошто воопшто би сакале да излегувате со маж кој се плаши од вашата интелигенција?

Затоа терајте си го вашиот живот и верувајте дека правиот, паметен маж ќе дојде кога треба да дојде.