Колку е безбедна храната кој што ја јадеме?

Прашањето колку е безбедна храната во нашата земја е комплексно и зависи од многу фактори но сепак најздрави се локалните традиционални продукти сметаат експертите. Постојат  лабаратории, но поради огромен број на производители на храна невозможно е да се контролираат сите.

Ризикот од измами постои се случувало да се открие млеко, месо, зеленчук,па дури и  минерална вода со несоодветен квалитет, што предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓето а  дополнителен проблем е што нема и ригорозни санкции за производителите,  кои со лажни непроверени декларации продаваат на пазарот.

Изборот на храна е еден од најголемите ризици за здравјето на потрошувачите. Лошиот избор на храна, во многу случаи придонесува за развој на болести.

Податоците во земјава се алармантни тројно е зголемен бројот на пациенти заболени од рак на дебело црево како последица на нездравите животни навики но и од несоодветната исхрана.

Во периодот од пред дваесеттина години кога биле регистрирани до 150 пациенти сега тој број достига околу 500 случаи на годишно ниво.