Хороскоп
25. December 2016 - 10:59

Колку долго останува во љубовната врска секој хороскопски знак?

Сите личности бараат различно од една љубовна врска. На некои им е важно постојано да има страст, други најмногу ја ценат верноста, додека пак некои обожаваат постојано да флертуваат.

Некои остануваат подолго време со еден партнер, а други пак постојано бараат динамика. Во продолжение откријте што е карактеристично за вашиот хороскопски знак кога станува збор за останувањето во љубовна врска.

Овен

Личностите родени во знакот Овен си одат веднаш штом ќе исчезне страста. Припадниците на овој знак се заљубуваат брзо и со целото свое срце. Врската со нив е динамична и страсна, а нивните чувства се длабоки. Во љубовта честопати се непромислени, караниците со нив се чести и може да траат прилично долго или сѐ додека не исчезне страста. Веднаш откако ќе се случи тоа, тие излегуваат од врската.

Бик

Биковите не сакаат да оставаат. За припадниците на овој знак слободно може да се каже дека се олицетворение на лојалноста. Тие не се врзуваат со секого, а оној кој ќе го пуштат да им се приближи, имаат намера да го чуваат до крајот на својот живот. Сепак, важен елемент во љубовната врска е сензуалноста…

Близнаци

Личностите родени во овој знак не оставаат, но им даваат на другите причина за тоа. Во суштина тие се многу лојални и не сакаат да оставаат, а својот партнер може да го тестираат до крајни граници на љубомора. Понекогаш може да го мачат со флертување со други, а токму така му даваат и причина за да ги остави. Може да се смират доколку им најдете некое хоби.

Рак

Овие личности се најсреќни доколку успеат да се поврзат со еден партнер за целиот живот. Припадниците на овој знак не сакаат сомневања, несигурност и неизвесност во љубовта. Тие се склони на долгорочни односи, а неретко знаат да се смират уште со првата вистинска љубов. Сепак, понекогаш може да бараат многу, да бидат љубоморни и несигурни, поради што може да ги отфрлат партнерите од себе. Во бракот тие се верни.

Лав

Врските со овие личности најчесто траат од една до две години. Припадниците на овој знак обично се внимателни кога ќе влезат во љубовна врска и не се заљубуваат веднаш. Сепак, откако ќе бидат сигурни дека го освоиле посакуваното, во врската се многу страсни и целосно се предаваат. Во нивната природа е брзо да им досадува, па токму тоа е причината што нивните љубовни врски не траат вечно.

Девица

Ја ценат сигурноста во долгите врски. Во љубовните односи тие најмногу уживаат во фазата на додворување и освојување. Тие се во состојба да бидат лојални и верни, а најчесто не мамат, затоа што не се знак кој е многу фокусиран на телесното. Припадниците на овој знак ќе се смират кога ќе добијат емотивна и материјална сигурност и почит.

Вага

Долгите врски се базираат на пријателство! Еден од најпосветените знаци во љубовните односи е Вагата, а нејзините долги љубовни врски најчесто се засноваат на пријателство. На Вагите им одговара ако нивниот партнер физички целосно ги задоволува, но и ако ги поддржува во нивната дружељубивост.

Скорпија

Личностите родени во знакот Скорпија се многу лојални. Бидејќи исто така се и многу харизматични и привлечни, нивните партнери се соочуваат со многу предизвици и љубомора. Токму поради ова може да прекинат многу љубовни врски со Скорпиите, а најмногу одговараат со партнер кој е сигурен во себе и во кој може да имаат целосна доверба.

Стрелец

Овие личности долго размислуваат пред да се врзат. Неодлучни се кога станува збор за емоциите, па честопати ниту самите не се сигурни во својот љубовен избор. Тешко се поврзуваат и во љубовта немаат постојани желби, а ќе се смират кога ќе пронајдат партнер кој пред сѐ ќе им биде пријател и ќе им ја даде посакуваната слобода. Тие се подложни на изневерување, но добро знаат да го сокријат тоа.

Јарец

Од Јарците можете да очекувате апсолутна верност. Припадниците на овој знак се многу традиционални и тешко се врзуваат со некого, но кога ќе го направат ова, тоа би можело да трае за цел живот. Од својот партнер очекуваат целосна верност, а изневерувањето го доживуваат како предавство и веднаш се оддалечуваат. Добриот љубовен живот и децата се лепило кое ги држи Јарците во врската.

Водолија

Водолиите бараат постојан предизвик. Тешко остануваат со личности кои не им се доволно интересни или пак ако не ги предизвикуваат на кој било начин. Различноста за нив е омилен зачин во животот. Сепак, може да се препуштат и да се заљубат, но тоа ќе биде прекинато доколку мораат премногу да се прилагодуваат. Тие би се смириле кога покрај себе би имале партнер со кого никогаш не им е досадно.

Риби

За личностите родени во знакот Риби слободно може да се каже дека се олицетворение на лојалноста и тие животот би сакале да го поминат со еден партнер. Во љубовта се упорни и романтични, а би излегле од љубовната врска кога би биле многу фрустрирани и тоа не би можеле да го задржат во себе.