Колкава ќе биде снежната покривка викендов?

Утре под влијание на нов влажен бран ќе има локални врнежи од дожд, особено во западните делови каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Од УХМР информираат дека ќе дува засилен јужен ветер со брзина која во некои моменти ќе надминува 70 километри на час, а кон крајот на денот врнежите ќе се прошират на повеќе места.

-Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуват во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 сантиметри нов снег. На повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри. Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.