Колеги подлизурковци, до кога ќе му се умилкувате на шефот

Работам скоро 4 години во една фирма која се занимава со дизајн.Две години по ред ме прогласуваат за најдобар работник, искрено ми годи оваа титула, но јас сум еден срамежлив човек кој не знае да се гордее и издигнува над сите.

Имавме шеф кој беше прекрасен човек ,со него можеше на секоја тема да се разговара, но дојде време тој да си замине.На негово место донесоа типче аутсајдер, без искуство во работата, но горд и многу самоуверен. Очигледно и тоа беше неговата јака страна.

Колегиве почнаа сите околу него да лебдат.Почнува пауза за ручек сите заедно со него во кантина.Чекајте бе луѓе зар не ви доста од  муабет и негово сотење над глава 8 часа дневно па уште на пауза со него да седам.Сите среќни и насмеани се враќаа во канцеларија, си помислив очигледно јас имам проблем со човеков, ај да видам со што ги пленува луѓево.Седнавме во кантината и почна лигавиот муабет од страна на една моја колешка.Знаеш Стефан јас овде не сакам да јадам има многу убаво местенце во близина, сакате да појдеме таму, јас ве честам, уф си помислив од кога одиш ти на тоа местенце кога секој ден или од дома си носиш или во кантина јадеш, ај ок тргнавме сите заедно. Седнавме и нашиот самоуверен шеф почна да држи мотивирачки говор.Луѓе слушајте сите ние заедно да одиме кај директорот и да се побуниме. Нашиов сектор има премногу обврски, многу проекти, јасно да кажеме дека имаме многу работа и мали палти.

Двете колешки веднаш се согласија смешкајќи му се, со колегата се погледнавме и му рековме ако сите сме заедно одиме.

Пред состанокот со директорот шефот не седна и почна да ни објасува како треба да бидеме опуштени и секоја да си го каже ставот и макта со која се соочува и притоа ќе ја има поддршката од него.Се договоривме.

Во тој момент почуствував како некој да ми дал „ветер во грб“ седнав и почнав прв да зборам.Директоре ние  сме 4 –ца работиме како за 20 души.....ја кажав својата мака, директорот климна со главта почна и другите да се жалат надоврзувајќи се на мојот муабет.Шефот го снема. Директорот му се обрати и го праша дали и тој се согласува со изнените ставови.

Горделиво ги прекрсти нозете нашиот мил и драг шеф и проговоре:

-Не се согласувам, директоре не основано ви се жалат.

Занемев, позелнев, ми се скрши сета храброст која ја собрав за да си ја кажам макат и оп некој тоа само онка со леснотија ми го скрши, се погледнавме сите зачудено.

Видете директоре јас мислам исто како вас, спремни се секоја работа која ќе ја побарате да ја завршат, на ум сум да почнеме со работа за уште еден голем проект, што велите вие за тоа?Одлично рече директорот. Утре ќе ви го доставам проектот, значи нема никаков проблем, според вашето излагање.

Останвме зачудени. Си помислив ех колешки како ви е сега кога вашиот драг шеф со кого се смеевте и доручек му носевте не ве поддржува како што ви вети.

Застанав и се обратив гласно и јасно кон директорот.

-Слушнете пред да влеземе кај вас имавме поддршка од нашиот шеф кој не бодреше и храбреше за да го изнесеме својт став, поплка кон вас, тоа и се случи, но трагедијата е во тоа што тој што не маваше по рамо сега пред вас ни сврте грб.Благодарам за долгогодишната соработка, извинете, но јас повеќе не можам да биде во овој тим.Заминува.Излегов смело се почуствував храбро и задовлни кажувајќи ја вистината пред сите кои сакаа да ја премолчат.

Знам останв без работа, но искреноста беше посилна од мене.