Состојки:

Пандишпан:

10 белки од јајце

20 лажици шеќер

150 g брашно од кокос

Фил:

10 жолчки од јајце

15 лажици шеќер

8 лажици густин

8 dl млеко

250 g путер / маргарин

100 g темно чоколадо

100 g мелени плазма бисквити

100 g мелени бадеми

1 dl слатка павлака

Декорација:

2-3 лажици мелени бадеми

1 dl слатка павлака

2-3 лажици од филот

Начин на подготовка:

Изматете ги белките и шеќерот во цврст шлаг. Додадете го кокосот и измешајте со лажица.

Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете околу 30 минути на 175 °C.

За филот убаво изматете ги жолчките со шеќерот. Малку од млекото додадете во густинот, а со остатокот направете густа смеса како пудинг.

Откако смесата ќе се излади додадете омекнат маргарин/путер.

Добиениот фил поделете го на два дела, во едниот додадете топено чоколадо и плазма бисквити а во другиот бадеми и шлаг од слатка павлака.

Пандишпанот пресечете го на два дела и прво нанесете го темниот фил, па светлиот фил, па вториот дел од пандишпанот, па повторно двата фила и на крај декорација.