Кокаинот во Крушопек стигнал во бананите на „Банекс компани“

Во пратката банани која од Мексико, преку Албанија пристигна во Македонија полицијата пронашла килограм кокаин, кој бил дел од поголема пратка од 1,3 тон кокаин. Увозник на бананите била компанијата Банекс од Крушопек, специјализирана за увоз на овошје и зеленчук. Во акцијата биле вклучени и црногорската и италијанската полиција. 

Бананите биле натоварени на мексиканското пристаниште Веракруз. За пратката од 124 тона банани биле платени 40.460 долари, брифираат полициски извори. (извор-мкд.мк)