Која ќе биде предноста на новите пластични пари

Банкнотите од 10 и 50 денари, кои ќе бидат пластични и кои доколку се се одвива според предвидената динамика во оптек се планира да бидат пуштени кон крајот на годинава.

Потрајни, почисти и отпорни на вода и висока температура очекуваат од народната банка за овој вид на банкноти имајќи ги предвид високите перформанси кои ги поседува материјалот од кој се изработуваат.

При перење во машина не се очекуваат оштетувања на материјалот од кој се изработени, но при изложување на температури над точката на вриење, можни се некои оштетувања на боите кои ќе влијаат на нивниот квалитет

Од Народната Банка велат дека новите пластични пари се потешки за фалсификување, а и животен век им е подолг за разлика од  хартиените пари.