Која храна треба да ја избегнувате кога сте под стрес или не можете да заспиете?

Точно е кога велат, дека храната е лек. Барем, одредена храна.

Треба да знаете дека не само што помага во одржување на телесната тежина, туку во голема мера храната влијае и на тоа како се чувствуваме. Затоа, треба да избираме храна која е здрава и корисна за нас, а да ја избегнуваме храната која дополнително ни создава проблеми и влијае негативно на нашето расположение и сон.

Кога сте под стрес

 Избегнувајте ги газираните и другите пијалоци со многу шеќер

Кога ќе надојдат стресните ситуации, Кока Колата може да биде најдобар избор за многумина. Но, луѓето кои пијат повеќе од 1 лименка газиран пијалок во текот на денот се соочуваат со 3 пати повеќе ризик од депресија и анксиозност, споредено со оние кои не го прават тоа. Тоа е така бидејќи ваквите сокови се богати со вештачки засладувачи кои придонесуваат за зголемена тежина и проблеми поврзани со дебелината, но и влошено расположение. Наместо тоа, се препорачува да се земе 1 чаша јогурт со мед и јаткасти плодови, кои го подобруваат расположението, а воедно и ни помагаат да се засладиме.

Кога сте во депресија

Избегнувајте го белото чоколадо

Иако мислите дека благото ќе ви помогне да се чувствувате подобро во депресивните мигови, сепак белото чоколадо не е најдобриот избор за тоа, бидејќи не содржи какао. Тоа значи дека не ги содржи состојките кои придонесуваат за подобрување на вашето расположение како серотонинот. Ако земате чоколадо, подобро е да земете потемно. Повеќе какао значи и посреќни хемиски состојки, но и помалку шеќер, што само може да направи да се чувствувате полошо, кога сте во депресија.

Кога немате енергија

Избегнувајте го засладеното кафе со шлаг

Наместо да земете кафе кое прво ќе ви даде енергија, а потоа за половина час ќе ви ја одземе и таа енергија која сте ја имале, земете суво овошје и јаткасти пловоди кои содржат калиум кој му помага на телото да го претвори шеќерот во енергија и кои ќе го подобрат вашето расположение и енергија веднаш.

Кога не можете да заспиете

Избегнувајте го топлото млеко

Заборавете на тоа што нашите мајки ни го велеа за топлото млеко. Овој нивни лек само може да направи полошо, поради протеинот кој го содржи млекот. Освен тоа, млекото го успорува варењето и ни прави потешко да заспиеме.  Освен тоа, се намалува лачењето на серотонинот, хормон кој прави да се чувствуваме релаксирано. Наместо тоа, земете пуканки.