Која е тајната: Зошто луѓето остануваат долго заедно?

Денес, кога ќе слушнеме дека некој брачен пар прославува златна свадба, се прашуваме која е тајната на долгиот и успешен брак. Нивниот одговор секогаш ќе биде дека треба да се потрудиме за врската и односот меѓу двата партнери.

Голем дел од нашите баби и дедовци се запонзале додека биле млади. Често ќе речат дека тоа можеби не било љубов на прв поглед, можеби биле пријатели претходно. Дел од нив имаат, дел пак не нешто заедничко. Но, имаат љубов и имаат разбирање.

Голем дел од браковите се соочуваат со многу предизвици. Но, тоа се секојдневни нормални работи. Никој од нив не очекувал дека неговиот брак ќе биде некаква бајка. Тоа е всушност и првиот совет кој можете да го добиете од оние кои се долго во брак.  Тие ќе речат: Бидете реални и не држете бес во себе. Работете напорно за да ги надминете разликите и сфатете дека бракот секогаш бара компромис, како и секоја врска или пријателство. Добрата комуникација и заедничкото дискутирање се дел од животот на секоја добра двојка. Најдобрата работа која можете да ја направите за себе и брачниот партнер е токму тоа.

Вториот совет е: Прифатете го вашиот партнер таков каков што е. Голема грешка е да мислите дека можете да ја смените другата личност, или пак да мислите дека треба да очекувате дека тие ќе се сменат. Сакајте ги и ако сте ги одбрале сакајте ги многу. Не се трудете да им најдете маани, туку наместо тоа потрудете се да ги видите нивни добри страни. Почитувајте ги како личност и почитувајте ги разликите меѓу вас.

Исто така, важно е да стапите во брак со личност која е како вас. Често се вели дека спротивностите се привлекуваат, но праксата не го покажува тоа. Омажете/оженете се за личност која ги има истите верувања и вредности како вас и која на светот гледа на сличен начин. Вашите погледи за работата, парите, образованието, семејството ќе овозможат заеднички долг живот.