Која е тајната за убавина на жените од Азија?

Нареден пат кога ќе варите ориз, размислете два пати пред да ја фрлите водата. Оризовата вода е богата со минерали и витамини и делува одлично на кожата и косата. Таа е една од најдобро чуваните тајни на жените од Азија, а особено на јапонските гејши. Кој би рекол дека рецептот за убавина е толку едноставен?

Совршено лице

Измијте го лицето, а потоа ставете оризова вода на памукче и поминете низ лицето како тоник. Оризот е богат со Б витамини кои го промовираат растот на клетките, но и успорувањето на процесите  на стареење. Освен тоа, оризовата вода го поттикнува и крвотокот, што значи дека ќе ги затвори вашите пори и ќе го направи вашето лице сјајно и мазно. Таа има  и состојки кои штитат од сонцето, но и антиоксиданти.

Совршена коса

По миење на косата, наместо да користите регенератор, измијте ја косата со оризова вода. Оставете ја малку да отстои на вашата коса, а потоа измијте ја косата. Резултатот е ултра мазна и блескава коса.

Намалена иритација

Еден од ефектите од оризовата вода е и намалената иритација, но и акни. Во една од студиите спроведено на Универзитетот во Брисел било покажано дека пациентите кои имале хронично воспаление на кожата, забележале 20 % подобрување од редовното 15 –минутно капење во оризова вода.

Рецепт за здравје

Пиењето оризова вода е одлично за севкупното здравје. Таа содржи 8 аминокиселини, кои ја подобруваат регенерацијата на мускулите. Оризовата вода исто така овозможува и енергија поради високата концентрација на јагленохидрати.