Официјалноте име на населбата е Даме Груев, но помеѓу жителите на Скопје оваа населба е позната и како „Ге-Ге“.

Даме Груев претставува скопска населба која се наоѓа на територијата на општината Ѓорче Петров. Исто така овој дел од Скопје се препознава како населба „Ге-Ге“ што е скратен од второто име на населбата Гола Гузица.

Населбата е сместена на самиот почеток на Ѓорче Петров во правец на населбите Волково, Кисела Јабука и Ново Село.

Информациите велат дека осумдесетите години ова место било ретко населено. Не е точно познато од каде доаѓа името, но се верува дека потекнува токму од овој факт.

Скопјани раскажуваат за случката која се случила пред многу години кога патничка во автобус на ЈСП побарала возачот да ја превезе до како што таа рекла „срамотната населба“, а се мислело токму на населбата Гола Гузица или Даме Груев.