Здравје
10. Јануари 2017 - 13:57

Која е причината за болна менструација?

Причините за недостатокот на витаминот К се, неадекватно внесување храна, долготрајна употреба на антибиотици и губењето на резервите на витаминот К во црниот дроб поради хепатоцелуларното оштетување...

Недостатокот на витамин К се нарекува и хиповитаминоза на К, а симптомите може да бидат: Модрици, точкести крвавења, хематоми, болки во стомакот, калцификација на мекото ткиво, силно менструално крвавење, крвавење од носот, непцата, анемија, и сл. Хипервитаминозата поради недостатокот на витамин К по правило е доста ретка кај возрасните личности, бидејќи тој е присутен во различни видови на храна, а во организмот го синтетизираат и некои цревни бактерии.

Витаминот К во храната:
За да му обезбедите на вашето тело доволно витамин К , потребно е во вашата исхрана да ги воведите следниве производи: Зелка, карфиол, прокељ, спанаќ, коприва, индиска луцерка, лист од питом и див костен, иглички од ела, останат лиснат зелен зеленчук, домат, грашок, соја, морков, компир, растителни масла (полунезаситени масла), рибино масло, кравјо млеко, јогурт, сирење, жолчка од јајце, алги.