Која е причината поради која ве привлекуваат погрешни луѓе?

Луѓето доаѓаат и си одат.

Една од најважните идеи која ни помага да се развиваме во текот на животот е идејата дека луѓето ќе дојдат и ќе си отидат од нашите животи од најразлични причини.

Секако дека повеќето од нас најверојатно имаат неколку пријатели кои ќе бидат со нас до крајот од нашите животи. Тоа најчесто се пријателите од детството. Но, односите кои најмногу ќе не променат и најдлабоките односи кои ќе ги имаме се случуваат со луѓето кои кратко престојуваат во вашите животи.

Ова се луѓето кои имаат важно и трајно влијание врз нашите животи. И најчесто ни делува дека тие се појавиле од никаде, како универзумот да знаел дека вие двајца сте си потребни еден на друг, дури и за краток временски период.

Тоа се луѓе кои ќе ве променат, кои никогаш нема да ги заборавите, но и луѓето за кои морате да се помирите дека не можат засекогаш да останат во вашиот живот.

Овие навидум отровни луѓе се добри за вас во точно определен момент во животот.

Идејата за вистинска љубов и за пронаоѓање на личноста која совршено ќе не дополнува е дел од потрагата по вистинската личност. Многумина луѓе веруваат дека кога ќе се врзат за некого, тоа ќе трае засекогаш.

Тоа не е лоша идеја, само треба да се разбере дека имањето различни романтични искуства во текот на еден живот е многу важно за природниот развој на човекот. Тоа е развивање кое ни помага да дознаеме кои сме и што сакаме од животот.

Затоа и ни изгледа дека ги привлекуваме погрешните луѓе во нашиот живот, но во реалноста, ние тоа го правиме со причина: тие се правите луѓе за нас во тој определен момент.

Ако нешто започнало прекрасно и страствено и се претворило во негативна и отровна врска, тоа значи дека вам не ви е веќе потребна таа личност во вашиот живот и дека сте си биле потребни еден на друг во одреден момент при вашето патување низ животот.

Правете го тоа што е најдобро за вас!

Една од најголемите борби во животот е борбата на човекот да остане доследен на тоа што е и на сопствените вредности. Лесно може да се падне во замката да им се угодува на другите, додека комплетно ги игнорираме нашите потреби. Ова е нездраво и иако изгледа како љубезен гест, но со тоа се повредувате себеси.

Како што ќе станувате понезависни, употребувајќи го сопственото критично мислење за да донесувате одлуки кои се во ваша полза ќе престанете да привлекувате луѓе кои се погрешни за вас.

Колку повеќе сте искрени и верни на себе, толку е потешко да се вплеткате со отровни луѓе, а тоа отвора простор за во вашиот живот да влезат вистинските луѓе.