Таа никогаш не се плаши да покаже каква е вистински. Тоа значи да ги сака луѓето такви какви што се. Целиот нејзин живот,таа се бори за оние кои ги сака. Да сака и да биде сакана. Таа целосно се вложува во тоа, дури и кога не постои гаранција за неа. Дури и тогаш кога знае дека можеби би биле повредена.

Ова е една од најсилните жени кои ги знаете. Но, тоа нема да го знаете од почеток.

Најсилните жени не поставуваат ѕидови. Наместо тоа, тие даваат постојано и веруваат во најдоброто. Нивната добрина е нивната најсилна страна. Потребно е многу за тоа, потребна е доверба, храброст и моќ во себе. Не секој го умее тоа. Ретки се оние жени кои се обидуваат повторно и повторно, без да развијат бес и омраза во себе. Нејзината љубезност има милион слоеви.

Најсилната жена која ја познавате се грижи за другите луѓе и не се грижи за туѓото мислење. Таа се потпира на својата интуиција и дури кога некои нешта немаат смисла за другите, таа секогаш се бори за нив. не игра игри. Не се грижи и не се оптеретува со тоа ако не и вратите на нејзината порака. Таа знае дека тоа е ваш дел од приказната, ваша невоспитаност и неодговорност.

Таа би можела да се крие од другите, да не биде таа што е, но не го сака тоа. Таа е таква каква што е и го прифаќа тоа за себеси. Оваа жена е родена за да сака, дури и тогаш кога тоа е најтешко. Кога ќе ја повредат, таа се чисти од нечистотијата, ја крева главата и продолжува понатаму.

Ретки се овие жени. Но, тие постојат.