Која е најдобра, а која најлоша храна за луѓето кои патат од алергии?

Луѓето кои патат од алергии со доаѓањето на пролетта чувствуваат исцрпувачки симптоми, како иритирано грло, често кивање и чешање на очите. Ваквите алергии можат да бидат многу непријатни и да прават да се чувствувате постојано уморни и омалаксани.

Освен со лекови, симптомите можете да ги намалите и со соодветна исхрана. Експертите советуваат дека во случајот на пролетни алергии најдобро е одредени намирници да ги вклучите во своите оброци, но и да одбегнувате одредена храна која може да предизвика вакви проблеми.

Што треба да јадете:

Јаболки и јагоди – Лушпата на јаболкото содржи антиоксиданси кои го подобруваат капацитетот на белите дробови, а истиот се наоѓа и во портокалите, лукот, доматите и јагодите. Освен тоа, содржат и многу Ц витамин, кој ефективно штити од алергии.

Црвено грозје – Истражување од пред пет години покажало дека медитеранската исхрана, богата со намирници како црвено грозје, портокали и јаболка ги ублажуваат симптомите на алергиите како затнат нос и болно грло. Самото грозје е богато со антиоксиданси со силни моќи против воспаленија.

Топол чај – Билните чаеви се најдобар избор, и важно е притоа да се што потопли, за да се олесни искашлувањето на слузта и да се ублажи пецкањето во грлото. За таа цел може да послужи и топла супа.

Што треба да одбегнувате:

Целер – Пецкањето во устата и грло може да бидат последица на „орална“ алергија предизвикана од некои овошја и зеленчуци. Симптомите можат да се јават од јадење на целер, но и домати, праски, дињи и киви.

Алкохол – Ако после зголемено конзумирање на алкохол кожата на ушите, лактите, петиците или вегите ви создава првут, сето тоа е знак дека сте алергични на алкохол.

Зачинета храна – Носот ви тече, ви солзат очите или често кивате после зачинета храна, а и поддуен ви е стомакот? Бидете сигурни дека станува збор за алергиска реакција на зачини. Инаку, тоа се случува поради капсаицин, материјата која се наоѓа во јаките зачини, па единствено решение е одбегнувањето на таква храна.