Која е најчестата причина за главоболки?

Еден од најголемите непријатели на доброто расположение се главоболките кои ни стануваат веќе секојдневна грижа, а особено се присутни во летниот период со жешкото време. Сепак, пред да се напиете таблета за намалување на болката, обидете се да утврдите која е причината за главоболката.

Верувале или не, една од најчестите причини за главоболка е недоволното внесување течности, особено во текот на летните месеци. Тоа придонесува до дехидратација на телото, а еден од ефектите е и силната главоболка. Освен тоа, главоболките можат да бидат поврзани и со пропуштените оброци и претераното внесување кофеин, како и недостатокот на сон, изложеноста на стрес, потешкотии со видот и тн.

Докторите советуваат да го започнете денот со појадок, а дури потоа да се напиете кафе. Тие дополнуваат дека потребно е во текот на денот да се придржувате до советите за пиење барем 1.5 литри вода.