Кој стои до тебе?

Не е важно кој е, туку дали го буди најдоброто во тебе?
Не е важно што прави, туку каква намера носи...
Дали има големо срце или неискрено се смее...

Запрашај се: Кој е тој што стои до тебе?

Те крева или те убива?
Те радува или те гуши?
Ти носи радост или горчина?

Која е личноста која стои до тебе? 

Дали сакаш да растеш или засекогаш да останеш онаму каде што си?
Дали те чува како птица на дланка или се чувствуваш како да си во златен кафез?

Кому? Кому го даваш твоето срце?

Кој ти е најблизок и со кого делиш сѐ? Какви пријателства имаш?
Дали во сето тоа те држи љубовта или стравот?
Дали за тебе тоа е светлина или мрак?

Кому ги кажуваш твоите тајни и чии совети бараш?
Дали тој некој живее како што и ти сакаш да живееш?
Дали со радува на секој твој успех или се чувствува ранливо поради тоа?
Дали искрено се радува или чувствува некаква завист?

Дали тој однос те боли или радува?
Дали во него има повеќе лажен сјај отколку вистина?
Дали те води кон дното или на врвот на планината?

Запрашај се: Која е таа личност?