Кој се заљубува побрзо: Мажите или жените?

Знаеме дека заљубеноста не е љубов, но таа е вистински пат до љубовта. Точката во која за многу двојки завршува заљубеноста, а почнува љубовта е предизвик за многумина. Често се случува тие да ја помешаат љубовта со заљубеноста, а кога заљубеноста ќе престане, мислат дека е крај на светот.

Но, кој се заљубува прв:  мажите или жените? Според истражувањето спроведено оваа година, 54 % од мажите потврдиле дека се заљубиле на прв поглед, додека пак само 44 % од жените го истакнале тоа.

Интересно е дека за мажите во поголем број е потребно друштвото на нивната партнерка во нивното слободно време, додека пак мнозинството жен истакнале дека го сакаат своето слободно време за себе.

Мажите уште на првиот состанок можат да пресудат дали жената им одговара, додека пак на жените им е потребно повеќе време за да соберат малку повеќе информации и да одлучат дали тој им одговора или не. Жените се оние кои повеќе се распрашуваат за мажите и споделуваат инфо со нивното семејство и пријатели. Мажите пак кога ќе се заљубаат немаат потреба од туѓо мислење.