Кој повеќе пие, мажите или жените? Резултатите изненадувачки!

Консумирањето и злоупотребата на алкохолот традиционално повеќе се поврзува со мажите, отколку со жените. Но, новите истражувања велат дека ваквата ситуација е минато. 

Кон почетокот на 20-тиот век, мажите консумирале алкохол двојно почесто од жените, а со самото тоа имале и четири пати поголема можност за појава на здравствени проблеми врзани со алкохолот. Меѓутоа, со текот на времето, изгледа дека разликата помеѓу половите се намалувала, за да денес биде потполно изедначена. 

Истражувањата велат дека на крајот на минатиот век, соодносот би бил само 1,1 во корист на мажите што се однесува до тоа колку често се консумира алкохолот, односно 1,2 што се однесува до ризикот од здравствени проблеми поврзани со алкохолот. Разликата е забележливо најмала кај младата популација, особено кај родените по 1990-та година. 

Ова е заклучено врз основа на анализа спроведена врз 4 милиони луѓе, родени во периодот од 1981 до 2001 година, во врска со нивните навики на консумирање на алкохолот. Резултатите од анализата биле објавени во списанието „BMJ Open“. Анализата вели дека алкохолот, заедно со пушењето, загадувањето и високиот крвен притисок се водечките причини за настанување на болести кај населението во светот.