Кој организира деца за Водици - 1000 евра казна

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) упати допис до детските градинки, во кој потсетува на некои одредби од Законот за заштита на децата.

Оттаму ги потсетуваат градинките на одредбата од Законот со која „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, а која треба да биде спроведена од нивна страна.

Притоа Министерството ги информира градинките дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, тоа преставува прекшок за кој е предвидена глоба:

„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациска единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст“, наведуваат од МТСП во дописот.