Кој ќе го фати новиот закон за аменстија?

670 правосилно осудени лица на казна затвор од шест месеци би биле ослободени додека на 3097 лица ќе им биде намелена казната за 30 проценти вака покажува статистиката на новиот предлог закон за аменстија кој го усвои владата на 40-та по ред владина седница.

Предлог законот во Собранието ќе се носи по редовна постапа. Ќе се амнестираат кривични дела сторени до 20 септември 2017 година посочи владиниот потпарол Миле Бошњаковски појаснувајќи дека датумот е произлезен од јавната расправа и укажувањата на експертите.

Со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик, кој опфаќа убиства извршени на свиреп или подмолен начин, убиство при вршење на семејно насилство, убиства со умисла при што е доведен во опасност животот на уште некое лице, убиства од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди.

Амнестија не се предвидува и за сторителите на кривични дела против избори и гласање (член 158-165-в) од Кривичниот законик, за кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа: (член 186, член 187, член 188, член 189, член 191, член 191-а, член 193, член 193-а, член 193-б и член 194 од Кривичниот законик, за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот законик, за кривични дела злосторничко здружување (член 394-394-г), од Кривичниот законик, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право (член 403-418-а, 418-в до 422 од од Кривичниот законик на Република Македонија.